Во ФУДБАЛСКА терминологија би се опишало како – секој жител е селектор.

За војната во Украина се зборува на секој чекор. Луѓето ширум светот ги коментираат драматичните настани во конфликтот меѓу Русија и Украина, а сите тие стануваат „политички аналитичари“ и даваат свои ставови за целосната ситуација.

Што би било различно тогаш кога се во прашање камионџиите? Дека во нивните редови има „аналитичари“ покажува видеото од кавгата меѓу Бугаринот кој е на страната на Русија и нивниот претседател Владимир Путин и Украинецот кој ја снима дебатата во прво лице.

На крајот на краиштата, погледнете ја дискусијата сами во следното видео. На луѓето од Македонија не им треба превод. Сè е разбрано, исто како што учесниците во дискусијата се разбираат.