Со помош на сурогат мајка, Марија Шерифовиќ добила син на кој му го дала името Марио. Гордата мајка на Инстаграм ја објави првата слика од својот син на кој му посвети емотивна порака, а коментарите и честитките постојано се слеваат.
Бебето е родено во клиника во Лос Анџелес, а Марија вешто го криела целиот процес од јавноста. Таа проговори за таткото на своето дете, но и за договорот кој го потпишале. На породувањето присуствуваше и пејачката која живее и работи меѓу Србија и Америка, а сега за медиумите се огласи и нејзиниот татко.
Рајко Шерифовиќ ги сподели првите впечатоци откако стана дедо:
„Во шок сум. Марија пред осум часа ми забрани да давам изјави, но на овој начин сакам да ви кажам дека јас сум најсреќниот човек на светот и дека сето тоа го направила без ние да знаеме ништо. Среќен сум што ме повика да го видам детето. После 18 години некако воспоставивме односи, а таа и нејзината мајка Верица ме поканија да се видиме“, изјави Рајко Шерифовиќ.
Извор: mondo.rs
