Често ја користиме рачката над прозорецот од внатрешната страна на автомобилот за да ја држиме или закачиме закачалката за облека.
Сепак, малку луѓе знаат една од неговите функции.
Една жена снимила скриена кука на рачката и на Тик Ток покажала како можете да ја користите.
– Ова го открив дури денеска – напиша таа со видеото кое шокираше милиони корисници на социјалната мрежа.
Имено, рачката има засек кој кога е заклучен овозможува рачката да остане во ‘отворена’ положба, без никој да ја држи. Оваа положба го олеснува закачувањето на облеката или фаќањето за рачката однадвор.
– Дали сте го знаеле ова – ги прашала жената своите следбеници, а видеото е прегледано дури 7,1 милион пати.
