Свети Теодосиј е роден во областа Кападокија, во селото Могаријаси. Како млад го посетил Симеон Столпник, кој го благословил и му пророкувал голема духовна слава.

Како млад го посети светиот Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре.

Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Затоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта и во слава Божја истовремено се служеше и пееше на грчки, ерменски, грузиски итн. Но, во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква во која се служеше на грчки.

Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели.

И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица.

Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господа кога имаше сто и шест години, во 529 година.

Неговата молитва гласи вака:

– Со потоците на твоите солзи ја обработуваше пустината пустина и со воздишки од длабочината на душата, со голем труд ги умножуваше своите таленти. Ти беше светилник на светот, кој светеше со твоите чуда, Теодосиј, оче наш: моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

error: Content is protected !!