Едно претпладне на Клиниката за дигестивна хирургија каде се вршат околу 60% од оперативните зафати изгледа како вечност, барем за пациентите кои чекаат таму. Денеска ја посетивме оваа клиника и поразговаравме со некои од пациентите од различни градови кои чекаа за преглед и по неколку часа, а некои доаѓаат по вторпат, третпат за да бидат прегледани.

„-За преглед чекате или за контрола? За преглед. Колку време чекате? Ние сме од 10 тука, а тој ќе дојдве во 11 и 30 рекоа ама којзнае кога ќе дојде. Од каде сте? Од Паланка.

-Чекам од прееска. Од колку часот од 15 до 9. Од тука сте? Не од Кавадарци.

-Колку време чекате?Па отсабајле. Од колку часот? Во колку дојдовме? Од 8.Во 11.30 демек ќе дојдее ама во последните минути ќе кажат нема да дојде. Ќе дојдеш наредниот четврток. Од каде одаѓате вие? Од Крива Планка. На секое даѓање илјадарка. Толку се пензиите. Трет пат доаѓам и на крај кажуваат нема да дојде отсутен е.“ велат пациентите.

Од Клиниката за дигестивна хирургија велат дека се дефицитарни со кадар и дека за една година шест инструментарки си дале отказ. Имаат најава дека ќе си одат и други најчесто на работа во Германија и Бугарија. Им забележуваат на колегите од градовите низ земјава дека и оние зафати што можат да ги направат им ги препраќаат на Клиниките во Скопје и тоа кога ќе се искомплицира, па затоа не можат да постигнат.

По дојава на граѓани кои со итен упат чекале со часови на Клиниката за гастроентерохепатологија побаравме одговор од директорката Калина Гривева Старделова која вели дека итниот упат не е врзан со термин само е потенцирано дека пациентот треба да биде прегледан во рок од 24 часа. Сите пациенти одеднаш вели таа не можеме да ги прегледаме. На оваа клиника има две супспецијалистички и една специјалистичка амбуланта.

Пред само еден месец на прашање до Министерството дали се дефицитарни со кадар добивме одговор дека активностите се менаџираат согласно потребите на пациентите и соодветно се реагира.

„Работата е организирана на начин да се пружа континуирана здравствена заштита 24 часа во текот на денот“, велат од Министерството за здравство.

Како што неодамна објави ТВ21 782 лекари ја напуштиле земјава за 5 години, а одливот не престанува.