Доктор Бојан Трајковски, вработен во приватната здравствена установа по општа медицина Медика Вера, на Фејсбук тврди дека итната помош одбила да дојде дома кај лице со телесен инвалидитет и да му ја даде терапијата, само зашто лицето било позитивно на ковид.




,,Лице со телесен инвалидитет кое не може само да си ја аплицира терапијата, за која претходно има добиено регуларен специјалистички извештај, поради позитивираност е одбиено од итната медицинска помош и државната домашна посета за да му се даде терапијата!“, пишува доктор Трајковски.




Тој додава дека се работи за интервенција од три минути каде нема никаква опасност.




-Ќе одиме, ќе ја даваме терапијата, ќе ја завршиме вашата работа со надеж дека некој некогаш ќе поднесе одговорност во државава, вали докторот.




Ви го премесуваме неговиот ФБ статус во целост:
Како бе да не си гневен на државава?
Лице со телесен инвалидитет кое не може само да си аплицира терапија за која претходно има добиено регуларен специјалистички извештај поради позитивизираност е одбиено и од ИМП и државна домашна посета за да му се даде терапијата!
Се работи за буквално 3 минути работа каде нема никаква опасност!




Ќе одиме, ќе ја даваме терапијата, ќе ја завршиме вашата работа со надеж дека некад некој ќе поднесе одговорност во проклетиево од држаава!!!

Извор/ Слободен Печат
