Доктор Злате Мехмедовиќ, кој што од стартот на пандемијата е во првите редови, во лекувањето на заболените од овој опасен вирус, смета дека загрижувачки е трендот на зголемување на бројките на новозаразени.




Според него внимателното димензионирање на превентивните мерки може да го ублажи овој бран кој е веќе во фаза на создавање.




в
Ова е бран кој ќе биде поинаков од сите други, очекуваме подолготраен и поинтензивен бран. Од темпото на вакцинација и новите превентивни мерки зависи дали бројката на новозаразени ќе ја надмине границата од 2.000 позитивни случаи на ден, вели Мехмедовиќ.




Апелира ова да се сфати како порака од загриженост и како повик за одговорност, оти борбата која ни претстои ќе биде за секој човечки живот и таа ќе биде најтешка до сега.
