Слики кои зборуваат погласно од зборовите.

По страшните земјотреси кои погодија делови од Турција и Сирија, според последните податоци бројот на загинати е 35.000.

Во Турција се урнаа околу 6.500 згради, а потрагата по преживеани продолжува осми ден.

Но, има надеж, за што сведочат ситуациите во кои беа пронајдени преживеани жители на Турција. Една од навистина потресните фотографии е направена кога е пронајдена жената Серап Донмез.

Според ТРТ, нејзиниот син бил во центарот на вниманието поради неговата реакција кога била пронајдена неговата мајка – а сликите се незаборавни.