Во Собранието на денешната пленарна седница беше изгласан Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари.
Со ова граѓаните конечно добиваат по шест илјади денари за купување македонски производи.
Со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари освен самохраните родители, треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени.
Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25 месецов да ги потрошат парите за купување на домашни производи.