По низата коментари и негодувања од страна на граѓаните кои ја прележаа болеста и по предупредување на епидемиолозите, министерот Венко Филипче денес одлучи дека за влез на сите настани кои се организираат освен сертификат за им*низација граѓаните можат да приложат и потврда дека од прележаната болест има поминато најмалку 45 дена, посочувајќи дека новите мерки започнуваат од понеделник.




-Според одлуките на последната владина седница, неим*низираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица.




Но во овие рамки има и нова потврда за прележана болест со која граѓаните исто така ќе може да се движат на посочените места, дополни Филипче.




Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена им*/низација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за им*низација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).
Извор: Фокус
