Косовската полиција објави како изгледа куќата на политичарот Милан Радоичиќ и го спореди со колумбискиот нарко дилер Пабло Ескобар.

Полицијата од утрово го претресува имотот на Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, кој организираше акција во селото Бањска.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечља објави видео од внатрешноста на вилата на Радоичиќ на брегот на езерото Газиводе, нарекувајќи го Пабло Ескобар од регионот.

„Детално и до крај ќе се истражува терористичкиот напад со кој се соочи косовската полиција во селото Бањска. Косовската полиција, согласно судската наредба, денеска изврши претрес во станот на Милан Радојчиќ, неговата вила на Ујманското езеро“, напиша Свечља на својот Фејсбук профил, пренесе „Нова.рс“.

За косовските власти, тој не е „борец за слобода“, туку човек кој се збогатил на сметка на законот.

Радоичиќ ја презеде одговорноста за нападот кој се случи во северно Косово, каде е убиен еден косовски полицаец, а загинаа и четири лица од српска националност.

НАТО испраќа дополнителни сили во северно Косово.

За српските власти виновен косовскиот премиер Албин Курти затоа што врши терор на Србите на Косово.