Сопственикот на ресторанот не сакал да им поверува…
Во ресторан во Блекбурн оваа недела се случил необичен инцидент.
Двајца мажи дошле на вечера нарачувајќи индиска храна. Кога јадењето им пристигнало, навалиле на него, но пред крајот на оброкот наводно ја изгубиле главата бидејќи забележале неколку срамни влакненца на своето месо.




Веднаш го повикале келнерот кој тврдел дека тоа не е она што мислат. Двајцата мажи одбиле да го платат своето јадење. Келнерот од првиот момент на доаѓањето во ресторанот биле сомнителни, па заминал до сопственикот и го пријавил случајот.




Тој мислел дека тие се оние луѓе кои така се провлекуваат по рестораните без плаќање.
Ги прегледале камерите и забележале момент кога мажите ги ставиле рацете во панталоните и извлекле неколку срамни влакненца од интимните делови и ги ставиле на јадењето.




Сопственикот на ресторанот заминал да поразговара со нив велејќи им дека сето тоа е на надзорната камера. Сфаќајќи дека се откриени, мажите бесно го напуштиле објектот оставајќи демонстративно само 25 фунти (околу 25 евра) за две јадења кои чинеле околу 35 фунти, пренесува Lancashire Telegraph.
“Ова не е прв пат да во текот на епидемијата на кроонавирусот, откако повторно го отворивме ресторанот, да клиентите се обидуваат преку нас да заштедат. Не сме изненадени. Тешка година е, но и ние мораме од нешто да живееме. Секогаш ќе ја исправиме грешката и ќе се извиними доколку е наша, но во спротивно…”, изјавил сопственикот на индискиот ресторан во Блекбурн.
