Видео од полицијата за потера по мигрантски криумчари
МВР сподели ВИДЕО од потерата по ауди-то со кое криумчар на мигранти се обидува да избега
Криумчар на мигранти од скопско Студеничани е уапсен од полицијата во Куманово, откако се обидел да избега со возилото во кое превезувал пет лица.
„Од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти.
Тој управувајќи возило ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода.
Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија.
