Необична временска појава се случи попладнево на Копаоник, кога среде снежните врнежи се слушна звук на силни громови, а оние што се нашле таму не можеле да поверуваат.
Како што можете да видите на видеото кое се шири на социјалните мрежи, глетката е морничава, на планинските патеки немало никој, само одекнувал морничав звук на гром.
Колку оваа необична временска појава ги вознемири посетителите на Копаоник, потврди и коментарот на корисник на Инстаграм.
„Никогаш нема да разберам снег и гром, првиот пат кога го доживеав помислив дека е суден ден!“, напиша таа, а како изгледаше можете да погледнете на видеото ТУКА.
Освен во Копаоник, грмежи имало и во регионот на Куршумлија, Косовска Митровица и Приштина. Постуден воздух ја поплави Србија, а снег паѓа на високите планини. Утре и задутре планините на јужна и југоисточна Србија треба да наврнат половина метар свеж снег.
