Двајца љубители на екстремните спортови биле крајно изненадени кога мршојадец слета на нивниот селфи стап среде лет со параглајдер.

Неверојатното видео е објавено денеска на Редит, а веќе го гледале скоро 90 илјади луѓе.

На него е прикажано дуото кое го снима нивниот лет, а потоа од никаде се појавува мршојадец и застанува на селфи стапот, дури и во два наврати.