Неофицијално, редакцијата на Курир.мк дознава дека денеска се регистрирани над 500 нови случаи заразени со коронавирусот.
Оваа бројка во Македонија е најголема од почетокот на пандемијата до денеска.
Повеќе од јасно е дека ситуацијата е многу лоша, аларамантна и загрижувачка.
„Сите опции се ставени на маса. Размислуваме и за нова вонредна состојба и за полициски час. Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо. Дали и кога ќе ги препорачаме зависи од исполнетоста на болниците. Сите болници веќе се полнат, но сè уште има слободни места, а ја имаме и монтажната болница“, изјавил директорот Стојанов.
Тој додава дека исто така е можно распустот на учениците да започне во ноември и да трае до март идната година. Дури постои опција и целосно да се затворат училиштата, градинките, угостителските објекти и сите други објекти во кои има собирања, а можно е пак да биде одлучено да не се оди на работа.
Kurir.mk
