Една од двете жени од видеото во кое има дете кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ (2), денеска ќе биде сослушана во виенската полиција. Австриската полиција соопшти дека детето на видеото не е исчезната Данка, а две Романки се ослободени од сомнежот дека го киднапирале детето.

Мајката на девојчето од видеото проговори за медиумите и рече дека поминува низ пекол откако нејзината слика го обиколи светот, а детето од видеото е нејзината ќерка.

Денеска е 10-ти ден од потрагата по исчезнатиот Данко Илиќ (2) од Бањско Поље.

Извор: Србија денес/ Телеграф