Батистута можеше да му купи многу добар автомобил, но не сакаше

Аргентинецот Габриел Омар Батистута со години е во самиот врв на светскиот фудбал, фантастично го носеше дресот на Фиорентина во тие златни сезони од италијанскиот фудбал, а неговите голови денеска се прераскажуваат.

За тоа како ги воспитувал децата допрва ќе се зборува!

Неговиот син Лукас (20) работи во фотокопирница, што за Батигол е сосема нормална работа.

– Можев да му купам автомобил на Хоакин. Тој би возел во нив, луѓето би се восхитувале, но тој автомобил нема да биде плод на неговата работа. Тоа навистина не би бил неговиот автомобил. Вака работи како целиот обичен свет, научен да го троши тоа што го заработува. Достоинството му го оставам на син ми. Кога ќе купи автомобил, тоа ќе биде од парите што сам ги заработил, а тоа чувство нема да се спореди со она што би го имал да му го купев – изјави поранешниот фудбалер.

Легендарниот напаѓач има четири сина и очигледно решил дека не треба да бидат разгалени деца. Секој мора да заработи за себе, без разлика што тато беше еден од најдобрите напаѓачи во светот во неговата богата кариера.

Батистута порасна во Њуелс, подоцна играше и за Ривер и за Бока, а во европската кариера го носеше дресот на Фиорентина, Рома и Интер каде беше на позајмица. Од фудбалот се прости во Ал Арабија од Катар во 2005 година.

Денеска е далеку од фудбалот бидејќи е тешко да се движи, а во една прилика истакна дека по кариерата ја нема истата страст за играта како кога беше активен фудбалер.