Ретко кој има ваква вила.
Доколку се прашувавте каде Ердоган ги решава сите проблеми или се обидува да ги реши или вели дека ги решава таму, ви носиме информации за палатата која е сегашниот дом на турскиот претседател.
Претседателскиот комплекс се наоѓа во населбата Бештепе во Анкара, во рамките на шумската фарма Ататурк. Својата „титула“ ја доби на 29 октомври 2014 година.
Претседателот Ердоган предложи новата претседателска резиденција да се вика на турски Cumhurbaskanlıgı Kulliiesi, што значи нешто потрадиционален комплекс со центар на џамија. Сегашното име го користи од 3 јули 2015 година.
Трошоците за изградба беа двојно повисоки од првичната проценка, чинејќи нешто повеќе од „безначајни“ 600 милиони американски долари.
Површината на оваа резиденција е 150.000 квадратни метри, додека Белата куќа, на пример, зафаќа „само“ 5.100 метри квадратни, па резиденцијата на Ердоган е речиси 30 пати поголема од домот на американскиот претседател.
Составен од шест единици, Претседателскиот комплекс на турскиот претседател ја има најголемата библиотека во земјата со пет милиони книги.
