Сметката ќе ви се преполови!

Покрај тоа што е непотребно, прегревањето на водата (до 75 или дури 85°C) предизвикува поголема потрошувачка на електрична енергија, но и побрзо влошување на бојлерот и формирање бигор.

Ваквите уреди се нарекуваат и енергетски вампири, бидејќи континуирано трошат енергија, дури и кога не работат, а според неодамнешното истражување на „Бритиш гас“, тие можат да бидат одговорни за неверојатни 23 отсто од потрошената струја во домаќинството.

За повеќето уреди најприфатливо решение е да се држат исклучени додека не се користат, а еве како можете да „скротите“ електричен бојлер. За овој уред експертите проценуваат дека е еден од најголемите енергетски вампири во домаќинството:

Имено, за само еден час работа бојлер од два киловати троши два kWh. Ако котелот работи два и пол часа секој ден, троши вкупно 150 kWh месечно. Повеќето бојлери имаат однапред поставена температура, но за да заштедите пари, поставете го термостатот на бојлерот на економично загревање, односно на температура помеѓу 50 и 60°C.’

error: Content is protected !!