Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на три лица во Министерство за економија. Се бараат следните два кандидати:
Работно место: Помошник раководител на сектор за енергетика (линк за повеќе информации и аплицирање)
Паричен нето износ на плата: 32.868,00 денари.
Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или економски науки и најмалку 3 (три) години работно искуство во струката.
Работно место: Советник за следење на потрошувачката политика со ЕУ и соработка со невладиниот сектор за заштита на потрошувачите, Одделение за заштита на потрошувачите и слободно движење на стоки, Сектор за внатрешен пазар (линк за повеќе информации и аплицирање).
Паричен нето износ на плата: 26.253,00 денари.
Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки или електротехника, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.
