Одмоодделенецот Дамјан од Штип и неговиот наставник иако се прваци во Македонија на сите натпревари по математика не може да добијат парична награда оти прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка.

Иако се натпреварува со средношколци и е најдобар министерството не правило отстапка да го награди и да му даде парична награда, што е навистина обесхрабрувачки и тажно.

ВАКВО НЕШТО ИМА САМО КАЈ НАС…Сеќавате ли се на штипскио Питагора, на детето чудо?ННашта штипска, македонска гордост шо ни ги топлеше срцата со неговите подвизи. 

Дамјан, уште од најниските одделенија се натпреваруваше со ученици неколку генерации поголеми од него и убедливо со максимален број на поени секогаш беше прв на натпреварите по Математика. Иако е осмо одделение, тој се натпреварува со средношколци и таму е убедливо прв со максимален број на поени.

НАЈБИТНОТО: Наместо ваквите чуда од деца, носители на медали од математички олимпијади да ги мотивираме, како би останале у државата, случува се невиден циркус. Имено во решението (видете сликата), Дамјан, не го следува парична награда од причина шо е основец, а е државен првак по Математика у конкуренција на средните школи. Да потсетам дека Дамјан сеа е осмо одделение.

ДАМЈАН ДАВКОВ, ТИ СИ НАША ГОРДОСТ!!!  – извор Штипска идила.