Здравствени проблеми кои можат да бидат предизвикани од оваа лоша навика.
Сигурно знаете дека забите треба да ги миете секој ден. Меѓутоа, покрај спречувањето на кариес, миењето заби не прави поздрави на мал милион начини. Погледнете како се немиењето заби може да му наштеди на вашето здравје.




Дијабетис
Доколку помине ден, а да не ја земете четката за заби во раце, тоа нема да доведе до големи проблеми.
Меѓутоа, сувата уста и високото ниво на бактерии можат да доведат до влошување на веќе присутните проблеми и болести како што е дијабетисот. Доколку имате проблем со дијабетисот, гледајте при рака секогаш да имате мастика за џвакање без шеќер или конец за чистење заби, кои можат да ги отстранат сите проблеми во устата кои негативно допринесуваат за регулацијата на шеќер во крвта.
Когнитивни проблеми
Истражувањата покажале дека нивото на бактерии во устата предизвикани со лоша орална хигиена можат да го зголемат ризикот од добивање на Алцахмер и други когнитивни проблеми.




Остеопороза
Одржување на хигиената на забите и јазикот ги зајакнува нашите коски, поточно, дел од нив кои се наоѓаат во нашата уста. Судејќи според Националниот здравствен институт во САД, премногу бактерии помеѓу орбазите може да доведе до пропаѓање на везното ткиво кое го држи јазикот на место, но и проблеми со имунитетот.
Болести на срцето
Голем број бактерии во устата може да создаде идеални услови за создавање на патогени кои се одговорни за создавање на плак во артериите. Таканаречениот артериски плак го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.
