Панта Петровиќ од Пирот, познат по тоа дека веќе 20 години живее во пештера, се вакцинирал неодамна против ковид-19 и ги повика сите да се вакцинираат во што поголем број.




Светскиот милијардер Илон Маск на Твитер го поддржа потегот на Петровиќ и им испрати силна порака на следачите.
Петровиќ го привлече вниманието не само на српските, туку и на светските медиуми кои ја пренесоа неговата необична приказна.
Тој донел одлука животот да го помине во пештерите на Стара планина, бидејќи, како што вели, таму има целосна слобода и воопшто не се кае. Иако времето го минува далеку од цивилизацијата, сепак сакал да прими вакцина против ковид-19 и тогаш стана вистинска интернет сензација.




„Ја примив првата доза од вакцината, го очекувам повикот за втората доза. Не се мислев многу, се вакцинираа сите мои пријатели, другари, и апелирам до сите да се вакцинираат, бидејќи особено ние од селата сме загрозени. Короната лесно може од градот да дојде во селото, шумата, насекаде има луѓе“, кажа Петровиќ.
“Вирусот не избира. Може де стигне и до мојата пештера”, изјави Панта за АФП.




За неговата необична приказна слушнал милијардерот и сопственик на компанијата Тесла Илон Маск.
Тој на својот профил на Твитер ја сподели приказната на светските медиуми за Панта Петровиќ, и наведе дека „српскиот пештерски самотник се вакцинираше и ги повика другите да го следат неговиот пример“.
Маск на тоа шеговито одговори со коментарот: „Дури и српскиот пештерски самотник се согласува…“, веројатно мислејќи на важноста на вакцинацијата против вирусот.




Петровиќ, како што пишуваат српските портали, во својот крај е познат како врвен мајстор и, како што самиот истакнува, миленик на жените.
„На свој трошок направив три моста, еден во градот, еден тука во кањонот на Градашничка река и еден кај водопадот кон Књажевац. Најголемиот мост што сум го направил е долг 20 метри и тежок пет тони. Сите три моста ги подарив на сограѓаните на користење. Направив и гондола – „Гнездото на Панта“, каде уживам во пеењето на птиците, шумот на реката. Гондолата е на висина од околу 40 метри“, раскажа тој.




Панта се храни со печурки и риби што ги лови во блискиот поток, а исто така наоѓа храна во канти за отпадоци кога ќе слезе во градот.
Сега тој мора да оди таму малку почесто затоа што, по нападот на волкот, ги засолнил своите неколку кози и кокошки во колиба на работ на градот. Добива и социјална помош, но тврди дека ги смета парите за проколнати.




“Парите се проколнати, ги корумпираат луѓето. Мислам дека ништо не може да ги корумпира луѓето полошо од парите”, рече тој.
