Ова сигурно повторно нема да им падне на памет да го прават!




Познато е дека турските навивачи се сериозни фанатици, а видеото кое ни доаѓа од таа земја јасно покажува колку е изразен непријателството меѓу двата клуба.




Тоа најдобро го покажа видеото кое деновиве кружи на социјалните мрежи, а во центарот на вниманието се двајца навивачи на Фенербахче кои решија да ги испровоцираат навивачите на Трабзон, но не помина според планираното.




Имено, тие се паркирале на влезот во Трабзон и решиле да се сликаат и да снимаат видео до таблата со името на овој град, но немале поим како ќе заврши.




Двајца навивачи на Трабзонспор кои поминале ги виделе во дресови на Фенербахче и решиле веднаш да реагираат.




Тие го паркираа автомобилот, а навивачите на Фенербахче кога го видоа тоа почнаа од страв да ги соблекуваат дресовите.




Тие дури и ги подарија дресовите на еден од навивачите на Трабзон и ветија дека никогаш повеќе нема да направат такво нешто.




Погледнете:
