Најмалку еден регион во Германија планира да воведе построги ограничувања против Ковид-19 за луѓето кои не се вакцинирани, изјави денеска државен претставник.




Германската влада во моментов бара од луѓето да бидат вакцинирани и тестирани негативно, или да имаат потврда за позитивни од коронавирусот, за да можат да влезат во затворени ресторани или да присуствуваат на настани, пишува Ројтерс.




Министерството за јужната провинција Баден-Витенберг предложи целосна забрана за невакцинирани луѓе да одат во ресторани и концерти.
„Би било погрешно да се држат сите одговорни, вклучително и вакцинираните, и затоа ќе има различни правила за невакцинираните отколку за вакцинираните“, рече Томас Стробл, член на окружната влада во Баден-Витенберг.




Баварскиот министер за здравство, исто така, го поддржа овој предлог.
Германија денеска пријави 8.416 новозаразени случаи на корона вирус и 12 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени достигна повеќе од 3.9 милиони, а бројот на починати на 92.130.




Околу 60 проценти од населението е целосно вакцинирано.
