После два неуспешни брака, изгубен дом, Мишел решила да изгради сопствен дом
Мишел Бојл до неодамна беше принудена да изнајмува куќа во Орегон за 1.173 евра месечно.

Поради високата кирија и малата плата, Мишел немала шанса да штеди . Сè што заработила, работејќи во кафулето, давала на трошоци и храна.

Таа едвај врзувала крај со крај, се до моментот кога нејзините деца станале независни . Тогаш Мишел реши да ги преземе работите во свои раце . Таа решила да изгради мала куќа за себе.

Таа започна да проучува упатства каде луѓето зборуваа за тоа како градат мали куќи. Со многу малку пари успеала да изгради куќа, во која се вселила од голема куќа што ја изнајмувала .

Мишел трошела 1.173 евра месечно за да изнајми куќа која имала три спални соби, кујна, бања, ходник и гаража. Сега живее во куќа од 18,5 метри квадратни. За изнајмување на малото парче земја на кое се наоѓа куќата, Мишел плаќа само 58 евра , а во оваа сума е вклучен и приклучокот за струја, вода и WIFI.

„Не само што сама ја изградив куќата, туку и ја дизајнирав “, вели Мишел.

Целиот мебел во куќата е од 40-тите или 50-тите години на минатиот век. Оваа храбра жена собира мебел веќе две години, имајќи предвид дека еден ден ќе има своја куќа.

Кога ќе ги погледнете овие фотографии и видео, добивате чувство дека куќата е поголема од 18,5 метри квадратни. Сепак, Мишел вели дека е посреќна во оваа куќа отколку во големата што ја изнајмила кога децата живееле со неа.

Денес, Мишел гради и дизајнира куќи за други луѓе кои сакаат да ги намалат трошоците за живот. Нејзиниот сон стана работа со повеќе приходи отколку што се надеваше!