Протоколот вели дека сите жени кои присуствуваат на приватна аудиенција кај папата треба да носат црно. Дури и превезот е задолжителен освен ако немаат кратка коса. Има само седум жени во светот на кои им е дозволено да се појават пред поглаварот на Католичката црква во бело…




Во католичката традиција, црната облека ги симболизира доблестите на побожност и понизност. Затоа традицијата наложи за време на приватна аудиенција кај папата жените да се појавуваат во долги црни фустани, високи јаки, долги ракави и црна мантија. Со текот на времето оваа практика се адаптираше, па денес под „дрес код“ се подразбира само црн фустан и црн превез.




Сепак, одредени католички кралици и принцези традиционално биле ослободени од носење црно пред поглаварот на црквата. Оваа привилегија на француски се нарекува „le privilege du blanc“. „il privilegio del bianco“ на италијански.




Не е јасно како е направен списокот на благороднички кои се изземени од правилото бидејќи тој не важи за сите католички кралици и принцези, туку само за одредени земји.




Ова се седумте благороднички кои во моментов можат да носат бело пред папата:
- Кралицата Летиција од Шпанија – сопруга на кралот Филип
- Кралицата Софија од Шпанија – мајка на кралот Филип, сопруга на поранешниот крал Хуан Карлос I
- Белгиската кралица Матилда – сопруга на кралот Филип
- Белгиската кралица Паола – мајка на кралот Филип и сопруга на поранешниот крал Алберт Втори
- Принцезата Шарлин од Монако – сопруга на Алберт II, сегашен принц од Монако
- Војвотката Марија Тереза од Луксембург – сопруга на големиот војвода Анри, сегашниот монарх на Луксембург
- Принцезата Марина Дорија од Неапол – сопруга на Виторио Емануеле ди Савој, син на последниот крал и кралица на Италија.








