Засега нема информации каква би можела да биде мистериозната топка.

Мистериозна џиновска метална топка се истури на една од плажите во Јапонија и веднаш го привлече вниманието на локалните медиуми. Глошата е откриена во префектурата Шизока во градот Хамаматсу. Она што е познато е дека металната топка има дијаметар од 1,5 метри.

За ова откритие била информирана локалната полиција која ја затворила плажата. Повикани се полициски службеници обучени за пронаоѓање и деактивирање на експлозив за да помогнат во утврдувањето на содржината на металната топка.

Засега нема информации каква би можела да биде мистериозната топка, но оваа необична случка веќе послужи за шеги дека се работи за змејска топка, а се однесува на истоимениот јапонски цртан филм, потоа јајцето на Гоџила, но имало и посериозни дека веруваат дека се работи за пловка или можеби морска мина која испливала на површината од големи длабочини.

Исто така, постојат одредени сомневања дека можеби станува збор за метална топка која наместо боева глава била ставена во интерконтинентална балистичка ракета, со оглед на тоа што Северна Кореја веќе во неколку наврати лансираше балистички ракети, од кои некои прелетаа над Јапонија на голема височина.