Секогаш треба да се трудите вашиот дом да мириса убаво и свежо.

Сигурно ќе се чувствувате поудобно кога во собата во која често престојувате има пријатен воздух.

Една корисничка на Tik-Toka по име Марлин покажа како користи правосмукалка за да постигне убав мирис во нејзиниот дом.

Трикот е да ја отворите правосмукалката, да го извадите филтерот и да го испрскате со освежувач, па повторно да го вратите во правосмукалката.

Додека ја вакумирате куќата, свеж и пријатен мирис ќе се шири низ вашиот дом.

Коментарите за овој трик беа различни, од жени кои не знаеја дека може да се отстрани филтерот, до оние кои беа целосно воодушевени од идејата и рекоа дека дефинитивно ќе го користат овој трик.

Погледнете како да го направите овој трик НА ОВОЈ ЛИНК

„Ова навистина помага. Ви благодарам многу“, „Ставив неколку капки есенцијално масло на филтерот и навистина прави чуда. Имам кучиња и куќата секогаш мириса на нив“, беа само дел од многуте коментари.