ФБ Статус од Метео Прогнозер Славчо ПОПОВСКИ:

Да не звучам нескромно, ама ја кажувам реалноста, а и цела Македонија знае дека барем досега не сум промашил околу анализите. Мојата работа е 24/7 на компјутер и следење на облачните маси и системи над Европскиот континент. За понатаму со Господ напред, вели Попоски.

Зошто е невообичаено ладно за овој период во годината? Какво време да очекуваме во наредниот период? Ќе имаме ли мирни топли денови?

Одговорите ги има младиот стружанец Славчо Попоски кој со своите метео-анализи е хит на социјалните мрежи.

Некои се исмејуваа на моите предупредувања за поплави, но истите за жал се случија! Големи поплави во Тетово…поплавени улици, домови и подруми а овие фотогрфии се од синоќа!