Тамара Тодевска е родена на во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Мажена е со кошаркарот Александар Димитровски и заедно имаат две деца




Во 1991 за првпат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и Росана. После долго време во 1997 год заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на “Скопскиот фестивал” со песната “Луда игра”. Во 2001 год Тамара ја започнува својата соло кариера со синглот „Дали знам” дело на Роберт Билбилов поддржан од тогaш познатиот бенд Мак Џинс.




Со истата настапува на фестивалот “Сунчане Скале” во Херцег Нови во 2002 и освојува трето место. По Дали знам во 2002 година следува уште еден сингл Месечар. Истата година ги собира сите награди како дебитант на годината. Заедно со нејзината мајка Бранка на “Охрид фест” ја освојуваат третата награда со песната Кога би можел.




Во 2003 година на „Макфест” се претставува со Немирна, една од најубавите песни на Тамара, која следната година доби награда за најслушана песна помеѓу двата фестивала. Снима дует со тогаш мегапопуларната хип-хоп група „187″, песна со контраверзен наслов Секс која станува мега хит. Истата година на „Будва Фест” го остварува својот најголем хит 1003, песна дело на Роберт Билбилов и се пласира високо.




Дека крушата под круша паѓа доказ е фотографијата која пејачката Тамара Тодевска ја објави на Инстаграм.
На неа се нејзините родители во младоста.




Во краткиот опис на фотографијата, Тамара напишала: „Моите мајка и татко“, додавајќи емотикони со срциња.

