Таа раскажа едно од нејзините искуства со умирањето, иако беше свесна дека ретко кој ќе и поверува.
Рејчел Бојл тврди дека боледува од ретко пореметување наречено СВТ (суправентрикуларна тахикардија) поради кое неколку пати умирала и оживувала.




– Јас всушност умрев три пати. Имам ретко срцево пореметување наречено СВТ кое беше многу тешко да се излечи. Еднаш имав срцев удар и пулсот ми се искачи на околу 230 отчукувања во минута. Моето тело не можеше да издржи, а срцето само застана – рекла Рејчел во видеото кое го закачи ТикТок.
Во клипот кој собра над 800 илјади прегледи, Рејчел раскажува едно од нејзините искуства со умирањето, а на самиот почеток апелира дека е свесна дека ретко кој ќе и поверува.




– Се колнам дека ова се случи. Се чувствував како да сум надвор од моето тело. Видов само бела светлина и моето тело. Тргнав кон „светлината“ но многу бавно. Тогаш наеднаш можев да се видам себеси, како да гледам надолу во моето тело, и помислив колку е лудо сето ова. Се сеќавам на сè јасно, истото се случи следниот пат кога умрев за време на операција на срцето. Тоа е навистина чудно, но убаво чувство. Тоа ме прави да се чувствувам малку подобро поради умирањето “, додаде таа.




Иако знаела дека многу корисници нема да и поверуваат, била непријатно изненадена што во коментарите ја убедувале дека сето тоа има визија поради анестезија или недостаток на кислород.
Сепак, Рејчел вели дека сето тоа веќе го слушнала од другите и дека и е доста од тоа постојано да се правда.




– Мене истото ми се случи по трет пат! Еднаш додека бев на операционата маса, почувствував како душата да ми скока од телото. Можев да се видам од птичја перспектива, бев веднаш над моето тело. Го видов на операционата маса и немаше ништо околу мене, ниту опрема, ниту хирург, само моето тело – објаснила таа во коментарите.
