Како да живеам постојано во студентски дом, каде што едни се доселуваат, а други се пакуваат и се враќаат дома.
На прв поглед, животот во Дубаи изгледа совршено. Стан со панорамски прозорци, поглед кон облакодерите и Персискиот Залив, базен и теретана на приземје, лето во текот на целата година… Звучи како сон? Но, реалноста е малку поинаква.
Семејство што живее веќе три години во Дубаи открива како навистина изгледа тоа. Децата одат во меѓународно училиште, а родителите работат во големи компании. Сè изгледа идеално, имаат сè што им е потребно. Но, постојат работи на кои сè уште не можат да се навикнат.
Инсекти во станот
Изненадувачки, во град од стакло и бетон, сред пустина, бубашваби, мравки и чудни бубачки се појавуваат во стан на 25-ти кат.
Дури и професионалните третмани траат најмногу еден месец. Потоа сè се повторува. А тоа е под услов и соседите да внимаваат на инсекти и да одржуваат хигиена. Замки, гелови, аеросоли – ништо не делува 100%.
Жештина и песочни бури
Три години во Дубаи, а моето тело сè уште не може да се прилагоди на постојаната жештина. Од мај до октомври температурите се движат околу 40–45°C, со влажност како во парна бања. Дури и кратко одење од автомобилот до влезот на трговски центар е предизвик.
Климата работи 24/7. Летно време сметката за струја достигнува околу 500 евра месечно. Зиме (ако воопшто може така да се нарече) е преполовена, но и понатаму висока.
Шетање е можно само рано наутро или доцна навечер. Едноставно е опасно да се биде надвор преку ден. Животот се сведува на трчање меѓу климатизирани простории: дом, автомобил, канцеларија, трговски центар.
Тука се и песочните бури. Небото станува портокалово, видливоста опаѓа на неколку метри и сè е прекриено со слој прав и песок.
Не можеш никаде без автомобил
Дубаи е изграден за автомобили, не за луѓе. Има метро (многу скапо, инаку), но покрива само главни зони. Повеќето места се достапни исклучиво со автомобил.
Некогаш нема тротоари. А ако ги има, може да прекинат на сред улица. Исто така, има малку дрвја, што ве приморува да пешачите директно под сонце и жештина.
Паркoви има, но се оддалечени и до нив исто така најлесно се стигнува со автомобил.
Такси услугите се скапи ако ги користите редовно. Така што автомобилот станува потреба, а не луксуз.
Таму не можеш да пуштиш корени
Чувството на привременост постојано ве следи. Да, можете да купите стан, но државјанство практично не може да се добие. И по 10–15 години, вие сте странец со привремена виза.
Ако ја изгубите работата или се скарате со шефот – имате 30 дена да ја напуштите земјата.
Тешко е да правите долгорочни планови. Децата одат на училиште, но не знаете дали ќе можете да останете уште една година. Купувате мебел, го уредувате домот, стекнувате пријатели – а во рок од еден месец може да морате да се спакувате и заминете.
Платата е голема, но пари нема вишок
Да, платите во Дубаи се високи. Но, кога ќе ги пресметате трошоците, сфаќате дека парите не ви остануваат.
Кирија од 3.000 евра за пристоен стан во нормален кварт.
Меѓународно училиште за едно дете чини колку „свети Петар јајцата“. За две деца – двојно. Плус автобус, униформи, учебници, екскурзии.
Храна – скапа. Комуналии – исто така. Автомобил, гориво, осигурување, здравствена заштита. На крај – повторно живеете од плата до плата и барате намирници на попуст, иако имате солиден приход.
Постојана градба и бучава
Дубаи постојано се гради. Нон-стоп. Нови кули, трговски центри, патишта.
Живеете во мирен кварт, а по шест месеци почнува изградба на нов облакодер веднаш до вас. Бучава од бетонски мешалки, шипови и кранови од шест часот наутро. Работат и за викенд.
Друг, помалку очигледен детал е постојаното преселување на комшиите. Луѓе доаѓаат и си заминуваат секој месец. Селидбени служби, кутии, бучава во ходник. Чувството е како да сте во спална, не во дом.
Многу луѓе
Сакате да одите во добар ресторан за викенд? Резервирајте една недела однапред. На популарните места – и до еден месец.
Сакате плажа или парк? И тоа мора да се планира. Секогаш има многу луѓе. На популарните локации – редици. Во трговските центри викендите се хаос.
Дури и обично игралиште бара избор и возење до него. Излегување „во двор“ – не постои.
Култ на потрошувачката
Дубаи е град на демонстративен луксуз. Скапи автомобили, брендови, злато, раскош.
Ако немате BMW или Mercedes, ако не носите брендови, ако децата не ви одат во најскапо училиште – се сметате за „неуспешни“.
Разговорите се вртат околу купување, нови ресторани, патувања, облека. Почнувате да чувствувате дека ве проценуваат по автомобилот и по ознаката на вашата маица, а не по тоа каква личност сте.
