На 24.07.2020 во 22.00 часот на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ и ул.„Аминта Трети“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19) од Скопје, удрил во две деца на возраст од 13 и 12 години, по што го напуштил местото.
По незгодата децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.