Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%.




Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Од починатите, 100% се невакцинирани, покажува анализата.




Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид 19, ниту еден од нив не бил вакциниран.




Важно е граѓаните да се вакцинираат, затоа што секоја вакцина е безбедна и ја намалува шансата од заболување, но и ја спречува тешката форма на болеста и штити од смрен исход. Апелирам граѓаните кои досега се немаат вакцинирано, да го сторат тоа уште денес.
