Еден од најпознатите македонски бизнисмени и коосновач на „Неуромедика“, Др. Емил Угриновски, го освои вниманието на јавноста со романтичен гест достоен за холивудски филм. Харизматичниот доктор клекна на колена за прекрасната Андреа Ангелевска.
Магичниот момент се случил на плажа, во внимателно подготвена романтична атмосфера. Додека околу нив се издигнувале огномети и светлината се одразувала од водата, зад нив се појавил огромен блескав натпис „Will you marry me“. Целиот амбиент изгледал како сцена од луксузно романтично филмче – совршен микс од емоции и спектакл.
Андреа, која важи за една од најелегантните и најстилизирани Македонки на социјалните мрежи, видливо трогната го прифати предлогот. Снимките и фотографиите од моментот веќе кружат на интернет и предизвикуваат лавина позитивни реакции.
Др. Угриновски, кој долги години е дел од врвот на домашната медицинска и бизнис сцена, уште еднаш покажа дека знае како да приреди нешто навистина посебно. Коментарите се преполни со честитки и пофалби, а најчесто пишуваната реченица денес е: „Филмски, секоја чест!“
Честитки за новиот свршенички пар – да им е со среќа патот што го почнуваат со ваква магија!
