Официјално е! Новата, шеста сезона на „Преспав“ ќе започне со емитување од 20-ти декември, а добропознатата екипа е и повеќе од подготвена. Особено Јелена од Драчево, која има нов имиџ, но има и порака до сите нас:

-Па кај сте бе дечкиииии!! Оваа година средена ко и увек, расположена ко и увек, синдикалка још поише у душа, со 100 работни места за иста плата – ништо ново во државава!

Со надеж за принцот ама и на коњ не само принцот пошо од нешто ќе треба да се живее, со најбољи маникир и фризура, со најбољи аутфит, со СТАВ бе дечки, со СТАВ ДРАЧЕВСКИ – ве чекам на МТВ.

Ве сака Јелена од Драчево до соѕвездието на шкорпија и назад!


Се гледаме – порача омилената, една и единствена Јелена од Драчево.