Мажите и нивните „играчки“.
Добро е познато колку мажите сакаат автомобили, а особено фудбалерите кои можат да си дозволат нешто поскап паркинг пред куќата.




Сепак, не е се во луксузните автомобили како Мерцедес, Ферари, Ламборџини… има и такви кои повеќе од се уживаат во тие поскромни марки и нивните модели.
Така, фудбалерот на Интер, Артуро Видал, заплака од среќа кога на подарок го доби познатиот модел Fiat-Panda со погон на сите тркала (4х4), кој е стар најмалку 20 години.




– Конечно! Мојот подарок пристигна. Толку години чекав да дојде. Зошто некој би сакал друг автомобил кога можете да имате „Пандита“ – напиша Видал со фотографии од својот нов миленик, кој е опкружен со животни на паркингот.




На пример, таков автомобил во Македонија може да се купи по цена од 800 до 1.100 евра. Секако, моделот на Видал секако е во многу подобра и подобро сочувана состојба, па секако вреди повеќе.
