На социјалните мрежи е објавено шокантно видео од неверојатно арогантно сообраќајно однесување на овие простори.

На видеото на Инстаграм страната на балканските возачи може да се забележи возач на БМВ кој во еден момент поради метеж со својот автомобил преминува на тротоарот и почнува да ја престигнува колоната.

Пешаците со неверување гледаа што се случува, некои се засолниле, а некои сосема оправдано не сакале ниту да го покријат овој арогантен возач, пренесуваат српските медиуми.

Работата да биде уште полоша, возачот на БМВ цело време го снима своето „ремек дело“. Притоа, сосема мирно и опуштено вози по тротоар, како по обичен пат наменет за моторни возила, слушајќи фолк хит попатно.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА!