Приказната за бебето од Авганистан кое го спасија американските возјници преку жилет-жица, има среќен крај. Бебето Лија заедно со своето семејство сега живее во Аризона.




Во масовната евакуација во Кабул, девојче старо само 16 дена беше префрлено преку жилет-жицата на аеродромот во Кабул. Еден американски маринец ја фати за раката и ја префрли на другата страна.




Хамед, таткото на девојчето, во август бил на аеродромот во Кабул каде им помагал на маринците во евакуацијата. Од другата страна на ѕидот, низ оградата, можел да ги види својата сопруга и бебето. Се плашел дека може да ги прегази стампедото. Тогаш го замолил војникот да му помогне да ја извлече својата ќерка на безбедно.




Тоа било прв пат да ја види својата новородена ќерка Лија. Хамед кој работел како преведувач, го пропуштил раќањето на ќерката бидејќи тогаш и помагал на американската војска во евакуацијата на аеродромот.




Тој раскажува дека ја држел Лија само две минути пред да му ја предаде во раце на американскиот војник. После тоа тој побрзал да ја спаси својата сопруга Садие која талибанците ја ограбиле на една контролна станица на аеродромот додека се обидувала да побегне од Авганистан.
Неколку часа подоцна, Садие успеала да помине, а Хамед отишол да ја пронајде својата ќерка. Сите тројца потоа истиот ден биле евакуирани од Кабул.




„Тој ден му го предадов своето бебе на странец кој не го познавав, но верував дека мојата ќерка ќе биде во ред“, вели Хамед.
Лија која сега има два месеци, имала среќа. Сега таа е на сигурно со своите родители и живее во подрачјето на Феникс во Аризона.




Хамед и неговата сопруга, се додека не слетале во САД, не знаеле дека снимката ос спасувањето на нивната ќерка предизвикала светско внимание.




„Ќе кажам дека таа е голем борец. Преживеа најтешки моменти на почетокот од својот живот. Размислуваме за тоа Marine да и биде средно име“, изјави Хамед за CBS./vecer.mk
