Босанец сам си направи реплика на Формула 1, која може да развие брзина до 200 километри на час – Во Босна го викаат Мичо Шумахеровиќ
Анис Хаџикадуниќ, ентузијаст во Формула 1, го исполни долгогодишниот сон користејќи го занаетот на автомеханичар и лимар. Тој направи реплика на болидите што се користат во трките во Формула 1.
Анис е од Добој и цел живот следи Ф1 трки. Поради неможноста да ги гледа во живо, решил да си направи автомобил.
„Тој е 400 килограми и е двојно полесен од вистински Ф1 болид“, вели Хаџикадуниќ.
Автомобилот е долг пет метри и може да достигне брзина до 200 километри на час. Потрошил една година купувајќи отпадни делови. Тој го изградил автомобилот врз основа на помал модел. Оделото го нашол во половни производи.
