За да се реши проблемот со премногу напуштени животни, оваа одлука е донесена вчера.

Се зголемува бројот на напуштените миленици, пред се кучињата и мачките, а проблемот со скитниците наскоро би можел трајно да се реши, барем кога се во прашање нашите соседи.

Имено, во Хрватска пратениците во Народното собрание вчера го изгласаа конечниот предлог за измени на Кривичниот законик со кој (меѓу другото) се воведува ново кривично дело – напуштање животни.

На секој што ќе го напушти својот миленик му се заканува затворска казна од една година, а доколку напуштањето предизвикало смрт на животно или неколку од нив биле напуштени одеднаш, обвинетиот ќе помине две години зад решетки.

Што да кажам, браво ! Ова не е конечно решение за проблемот со напуштените животни, но секако е почеток на негово решавање. Инаку, Законот важи и за домашните, дивите кои се одгледувале и другите кои морале да бидат под надзор.

Голем број луѓе со ентузијазам ја дочекаа оваа вест, со надеж дека во блиска иднина ќе има се помалку напуштени и запоставени нашите крзнени пријатели.