Четиригодишните деца лажат, во просек, на секои два часа

Научниците велат дека е вообичаено децата да лажат. По спроведеното истражување, откриено е дека 96 отсто од малите деца во одреден момент лажат.

Четиригодишните лажат во просек на секои два часа, а шестгодишните лажат во просек секој час.

Ги прашавме нашите читатели која е најлошата лага што ја кажале на своите родители кога биле млади. Ова беа дел од одговорите:

– Не, не паднав од моторот, се удрив и скинав мускул.

-Држев цигара, но беше од Маја.

– Да не добиев кец на училиште, ама за џабе, ОЗНА дозна се.

– Денеска нема родителско отсуство.

– Испивме по еден.

-Не ја фарбав косата, од шампонот е.