Неколку пати била одложувана, а сега конечно се случила. Доскорешниот пратеник Амди Бајрам ја омажи својата внука Перјан, но поради здравствената ситуација веселбата се одржала во Турција. На истата присуствувале 600тини гости.
Тој ја искористи моменталната законска регулатива која не забранува патување во Турција ниту пак е потребно обезбедување на било каков здравствен документ како потврда дека неговото семејство и гостите на свадбата се негативни. Тој за „Фокус“ потврди дека свадбената веселба се одржала на брод во Истанбул на која присуствувле 600 гости од кои 370 се од Македонија.
„Најважно е тоа што има свадба, а во исто време не ги прекршивме законите во земјава. Свадбата беше планирана долго но поради рестрикциите неколку пати беше одложувана. Мораме да ги почитуваме препораките на власта. Во никој случај не сакаме да биде загрозено нечие здравје.“ – изјави Амди Бајрам.
Иако во јавноста синот на Бајрам објави видеа од свадбата сепак неколку часа потоа снимките беа избришани од социјалните мрежи.
Здравствените власти велат дека ако кој било државјанин на Република Македонија е заразен со тогаш тој не може да ја напушти државата, а по враќањето нема законска можност на било кој начин да бидат санкционирани доколку со себе ја донесат заразата во земјава.
