Поради пандемијата со корона вирусот, во цел свет се забранети собирите и прославите на луѓе кои не се од иста фамилија. Сепак, тоа малку се почитува, особено на Балканот.

Неверојато видео ни доаѓа од соседна Србија, каде во српскиот град Крушевац полицијата добила информација за прослава на Православната нова година во семејна куќа во селото, а се слушала и гласна музика.

Еден од гостите успеал и да го документира тој момент, при што направил видео. На видеото се гледа како на веселбата има 12 луѓе, од кои дури 4 се музичари. Сопственикот на куќата не сакаше да ја прекине забавата, напротив, се обиде да ја избрка полицијата од својата куќа.

Откако тие решија да постапат според закон, настана мешаница и летаа боксови на сите страни. Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека двајца од присутните се уапсени. Станува збор за Д.Р. и Н.Р., ќе добијат кривични пријави за напад на службено лице.