После тежок развод, Алиша Вилијамс од Вирџинија пронајде внатрешен со средување и чистење на надгробни споменици.

Поради тоа таа стана сензација на ТикТок.

„Бев среде невообичаен развод со конфликти и морав да се прилагодам на споделувањето на старателството над моите деца од Вирџинија до Флорида“, објасни Вилијамс

„Ми требаше терапевтски излез“ вели Алиша која го негува своето необично хоби за чистење стари споменици веќе три години.

Таа се прослави со снимање видео клипови барајќи гробови стари неколку стотици години, ги толкува и раскажува приказни за починатиот.

Како што тврди, оваа работа многу ја смирува и делува како терапија.

Мора да признаеме дека начинот на кој ги средува надгробните плочи е изненадувачки пријатен за гледање.