Ви носиме природен лек за борба против сите вируси што ги опустошуваат овие зимски денови. Направете своја „витаминска бомба“, вашиот природен имунолошки засилувач што може да го консумираат и деца и возрасни.

Компоненти:

  • 100 гр суво грозје
  • 150 гр ореви
  • 100 гр бадеми
  • кора од два лимона
  • 100 гр суви кајсии
  • 100 гр сливи
  • 250-300 гр мед

Подготовка:

Мелете суво грозје, ореви, бадеми и кора од лимон. Додадете сок од два лимони во смесата, чија кора претходно сте ја измелеле. Измешајте сe добро. Во смесата додајте мелени сливи и суви кајсии.

Повторно измешајте сe добро. На крајот додадете мед во смесата и промешајте повторно. Оставете сe да стои на темно место 1-2 дена. Чувајте ја теглата со „витаминска бомба“ во фрижидер.

Потрошувачка:

Децата постари од 3 години консумираат по една лажичка двапати дневно. Возрасните консумираат 1-2 лажици три пати на ден.

Извор: dnevno.hr