




Српскиот претседател Александар Вучиќ по вчерашната седницата на Советот за национална безбедност најави стимулативен предлог за намалување на потрошувачката на електрична енергија, јави дописникот на МИА од Белград.




– Сакаме да ги поттикнеме луѓето да штедат и да заработуваат – ова ќе се мери според потрошената енергија во истиот месец од претходната година – на пример, октомври оваа година во споредба со октомври 2021 година. Нашиот предлог ќе биде да секој што ќе ја намали потрошувачката меѓу пет и 20 отсто да добие дополнителен попуст од 10 отсто на износот на сметката, рече Вучиќ.




Како што додаде: „Покрај тоа што ќе плаќате помалку поради помалата потрошувачка, ќе ви дадеме уште 10 отсто помалку да платите, а јас ќе барам да биде уште 15 отсто, не знам дали владата ќе го прифати тоа. Тие што ќе ја намалат потрошувачка од 20 до 30 отсто, ние како држава ќе им дадеме уште 20 отсто дополнителен попуст“.




Вучиќ изјави дека за оние кои имаат намалување на потрошувачката над 30 отсто, ќе добијат 30 отсто попуст на инаку намалената потрошувачка и мрежната такса.
