Метеорологот Иван Ристиќ даде детална прогноза до крајот на годината.




Како што истакна, до среда не очекува студено и ветровито време, а од средината на неделата температурата ќе биде во пораст.




Денес претежно сончево, ветровито со зголемена магла и студ. Максималните температури од 0 до 5 Целзиусови степени. Од среда врнежите ќе престанат и температурата повторно ќе расте, така што во втората половина од оваа недела највисоката температура повторно ќе биде од 10 до 15 Целзиусови степени – истакнува метеорологот Ристиќ.




Според него, дождот ќе се врати веќе викендов, а пред крајот на декември повторно може да се очекува снежна покривка.




– За претстојниот викенд 24 и 25 декември со зголемена облачност, повремен слаб дожд. Во последната недела од декември ќе има постепена промена на времето, студен воздух од северот на Европа кон средината на следната недела, поточно во среда на 28 декември прво ќе го зафати северот, а потоа и другите делови од нашата земјава, носи значителен пад на температурата но и врнежите, дожд кој брзо ќе помине со лапавица и снег . Највисоките дневни температури во втората половина на наредната недела ќе опаднат и ќе се движат од 0 до 4 Целзиусови степени.




Ристиќ вели дека постои можност на новогодишната ноќ да врне снег.




– Во новогодишната ноќ ќе биде студено со температури од -5 до 0 Целзиусови степени, а има услови и за провејување на снег.
Студеното време со услови за врнежи од снег ќе се задржи и на почетокот на јануари – нагласува метеорологот.
